Алармот „запален“: ПСЖ загуби и од Монпелје

Кризата во таборот на Пари сен Жермен уште повеќе се продлабочи откако „светците“ загубија со 3-2 на гостувањето против Монпелје, зголемувајќи ја опасноста за смена на тренерот Томас Тухел.

Повредите повеќе не се никаков изговор, актуелните прваци настапија речиси комплетни, но сепак со наведнати глави го напуштија теренот во Монпелје откако примија два гола во последните десет минути од средбата. Во првото полувреме и двата тима си постигнаа по еден автогол, ПСЖ поведе преку Ојонго во 12. минута, а само девет минути подоцна Кимпембе ја затресе сопствената мрежа.

Ди Марија донесе предност во 62. минута за актуелниот шампион, но избраниците на Тухел потклекнаа во самиот финиш, откако Делор и Камара го совладаа Буфон во завршницата, за еуфорија меѓу домашните навивачи на стадионот.

Титулата е осигурана, но серијата очајни игри и резултати, како и максимално нарушената атмосфера во соблекувалната ќе доведе до сериозни промени. Покрај Тухел се очекува да замине и директорот Енрике, а не му цветаат розите ниту на претседателот Ал Келаифи, во кого катарските газди на клубот се повеќе ја губат довербата.

Се вчитува...