Алашкерт експресно до водство и во Скопје: „Лавовите“ се подалеку од 2. коло

Оние 3-1 предност кои ги има од првиот натпревар во Ереван, ерменски Алашкерт ги дополни со предност и од 0-1 на гостувањето во Скопје против Македонија ЃП на реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лига Европа.

Гостите од Ерменија на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје дојдоа до предност со голот на Ненадовиќ во 21. минута.

Се вчитува...