Алба на колена пред Партизан: Неверојатна трета четвртина од 35-9 за црно-белите за убедлив триумф против Германците

Кошаркарите на Партизан по претходниот пораз од Фенербахче повторно се вратија на победите во Евролигата, триумфирајќи убедливо во 26. коло против Алба Берлин со 88-74.

На домашен паркет, црно-белите немаа милост за Германците сосема заслужено стигнувајќи до убедливиот триумф стекнат главно со феноменалната игра на Партизан во третата четвртина која ја доби со неверојатни 35-9. После тоа Алба секако не можеше да се врати во игра, и покрај тоа што германскиот тим се надеваше дека откако претходното коло ја совлада Црвена Звезда сега ќе може да го изненади и Партизан.

Извонреден во партизаниот состав беше Алекса Аврамовиќ со 19 поени, а со 16 поени заврши Кевин Пантер. Кај гостите единствено се издвои Ло со 17 поени и три асистенции.

Во вториот натпревар во вечерниот термин Монако славеше против Макаби Тел Авив со 86-67.

Партизан со овој триумф сега е со 14 победи, наспроти 12 порази, со 28 бода, на шестата позиција на табелата.

Се вчитува...