Алба нема дилема: Барселона мора да ја освои титулата во Примера следната сезона

Жорди Алба се покажа како човек на одлука за Барселона, откако со неговиот маестрален погодок во судиското продолжение каталонците славеа на вчерашниот меч против Бетис (2-1) со што официјално обезбедија пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Со ова Барса ја оствари основата цел, па играчите се надеваат дека ова може да биде добра најава за нареднаат сезона во која Жорди верува дека можат да притискаат, да бидат конкурентни за пехарот во Примера.

„Се подобривме, но доцна беше за да ја освоиме лигата. Барселона мора да се бори за се. Мора да ја освоиме Ла Лига следната година, има тим и стручен штаб за тоа да се направи. Целта е да завршиме на второто место и да одиме во Суперкупот. Веќе ја обезбедивме Лигата на шампионите. Ако играме како сега, можеме да се натпреваруваме со Реал Мадрид. Но, најконстантниот тим ја освојува лигата и тие го заслужуваат триумфот“, изјави Алба.

Барса до крајот на сезоната има соочувања со Селта Виго, Хетафе и Вилјареал.

Се вчитува...