Албанскиот интернационалец од редовите на Скендербег, Гледи Мици треба да биде ново засилување за Шкендија за следната сезона, пренесува „Панорамаспорт“.
Според тврдењето на албанскиот весник Шкендија веќе го договорила трансферот на 27-годишниот Мици кој треба да ја засилу левокрилната позиција, по заминувањето на Ардијан Цуцули.
Мици претходно во својата кариера настапувал и за Кукс и Фљамуртари Валона.
Од друга страна, пропаднати се преговорите за ангажман и на фудбалерот од средниот ред, Едуарт Роча кој, и покрај првичните шпекулации, е далеку од Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА