Албански фудбалер остана без трансфер поради маица со УЧК

На албанскиот фудбалер Ерџис Каче му пропадна трансферот во кипарскиот АПОЕЛ поради фотографија објавена на неговиот Фејсбук профил. Навивачите на кипарскиот клуб го спречија трансферот на Каче затоа што фудбалерот имал се фотографирал во маица од „УЧК“.

Кипарските медиуми пренесоа дека договорот за позајмица на Качи од солунски ПАОК во АПОЕЛ бил поништен во последен момент поради притисок од навивачите на кипарскиот клуб.

Албанскиот репрезентативец дури и отпатувал на Кипар, но навивачите го стопирале неговиот трансфер поради неговите фотографии со маицата на „УЧК“ од пред пет години.

По пропаднатиот трансфер во АПОЕЛ, Каче беше принуден да бара алтернативно решение и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Панатинаикос.

Се вчитува...