Извонреден трансфер на еден од најголемите македонски кошаркарски таленти Александар Сотир кој на свои 17 години потпиша со еден од најдобрите клубови од Шпанија, Уникаха Малага!
По извонредните сезони во младинските шпански конкуренции со досегашниот свој клуб Елче, Сотир сега со трансфер во дефинитивно еден од најпрепознатливите кошаркарски брендови на Шпанија, Уникаха Малага, член на АЦБ лигата.
Сотир престојнава сезона, ќе се приклучи на јуниорскиот А тим на клубот до 18 години, вклучувајќи се и во работата со првиот тим.
View this post on Instagram
Младиот македонски кошаркар, претходно помина две сезони со ЦБИ Елче, а по завршувањето на третата сезона во Шпанија, ќе добие статус и на шпански домашен играч.
Александар Сотир беше прогласен и за најдобар игра на Елче изминатава сезона, и во јуниорска и во сениорска конкуренција во Првата дивизија на Шпанија, со реализиран просек од 17,7 поени и 6,5 скока по натпревар, што е уште една потврда за огромниот потенцијал на македонскиот кошаркар во европски рамки!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
