Албанците го испробаа теренот во Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Албанија вечерва го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Младост“ во Струмица, каде утре ќе ги одмери силите против нашиот национален тим. Селекторот Кристијан Панучи одлучи да ги освежи своите фудбалери, одржувајќи само лесен тренинг, со оглед дека пред два дена исто така играа квалификациски меч против Лихтенштајн.

Панучи искажа голем респект за Македонија, истакна дека Горан Пандев е одличен играч, но и потенцираше дека Албанија е дојдена во Струмица да се бори за позитивен резултат.

[new_royalslider id=”759″]

Се вчитува...