ФОТО НА ДЕНОТ: Албервииииил!

mec baner

Бевме сведоци на преемотивни 60 минути на теренот во Мец, период во кој нашите ракометари од блескав старт се доведоа на работ на амбисот, за на крајот да стигнат до толку посакуваното реми против Исланд.

Кире Лазаров повторно одигра капитенски, иако на момент изваден „од такт“ од аргентинските судии, македонскиот ас беше најдобар кога беше најпотребно, уште еднаш предводејќи го националниот тим кога беше најтешко.

Одиме во Албервил и сите сме задоволни поради тоа, од селектор и играчи преку новинари, не поради градот кој се наоѓа на француските Алпи (Лил и ракометен дуел со Франција на фудбалски стадион беше втората опција), туку поради фактот дека таму ќе се сретнеме со Норвешка. Ривалот е квалитетен и со голем раст во формата, но Македонија на овој мундијал покажа и квалитет, но пред се неверојатен карактер, за со верба во успех да се влезе во осминафиналето што ќе се игра в сабота.

„Нова Македонија“, и се е можно….

Се вчитува...