Алборг го освои третото место на Суперглоуб

Европскиот вицешампион Алборг го освои третото место на Светското ракометно клупско првенство, Суперглоуб. Данците во малото финале го совладаа шампионот на Јужна Америка со 34-29.

Се беше решено уште во првото полувреме кое Алборг го доби со 19-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 34-29.

Во финалето кое на програмата е од 19.30 часот, Барселона ќе се обиде четвртти пат по ред да ја освои титулата во ова натпреварување, а за противник ќе го има освојувачот на Лигата на Европа, германски Магдебург.

Се вчитува...