Алборг подобар од Монпелје, Пик Сегед сигурно со ППД Загреб

Актуелниот вицепрвак во ракометната Лига на шампиони, Алборг стигна и до втората победа сезона откако триумфираше на домашен терен над францускиот Монпелје со 36-28 Домаќините клучната разлика ја направија во првото полувреме кое го добија со 18-13. Во вториот дел само го исконтролираа резултатот за конечни 36-28.

Лукас Сандел со 11гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Вилемино заврши со шест гола.

Пик Сегед без поголеми проблеми славеше на домашен терен над ППД Загреб со 30-21. Во првото полувреме одбраните беа во прв план па домаќините на пауза заминаа со преднос од 10-7. Во вториот дел Унгарците само ја зголемија предноста за конечни 30-21. Шостариќ и Фримел со по шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај Загреб Един Клиш заврши со четири гола.

Се вчитува...