Алборг рутински на гостувањето против ППД Загреб

Актуелниот европски вицешампион Алборг на убедлив начин ја стартуваше новата сезона во ракометната Лига на шампиони, откако го декласираше хрватскиот шампион ППД Загреб со 24-34.

Загрепчани одиграа солидно прво полувреме во кое имаа негатива од само четири гола (14-18). Сепак, данската машинерија се разиграа и на крајот стигнаа до убедлив триумдф од 24-34.

Себастијан Бартолд со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мандиќ и Кларица завршија со по пет.

Се вчитува...