Алдерверелд го напушти Тотенхем и замина во Катар

Тотенхем остана без уште еден стандарден првотимец откако Тоби Алдерверелд го напушти лондонскиот премиерлигаш и се пресели во катарскиот клуб Ал Духаил. Белгискиот дефанзивец беше меѓу најстандардните во одбранбената линија минатата сезона, но тој имаше уште една година од актуелниот договор, па управата на клубот реши да го продаде.

Катарците понудија 13 милиони евра, сума што Тотенхем ја прифати, по што 32-годишниот Белгиец ги договори и личните услови, за неговиот трансфер во Ал Духаил денеска и официјално да биде комплетиран.

Тоби Алдерверелд беше член на Тотенхем од 2015 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Атлетико Мадрид. Тој одигра вкупно 236 натпревари во дресот на Тотенхем, со кој најголем успех му беше пласманот во финалето од ЛШ, каде загуби од Ливерпул.

Се вчитува...