Марин Петков ќе игра за Охајо Универзитетот во САД

Еден од најперспективните македонски кошаркари, член на младинските но и сениорската селекција на Македонија, Марин Петков ќе игра за Охајо Универзитетот во САД.

23-годишниот Петков се обврза на верност со Охајо Универзитетот за кого ќе игра во НЦАА лигата.

Марин Петков изминативе години имаше одлични настапи на плејмејкерската позиција во дресот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром, од каде сега се сели во САД.

Се вчитува...