Загуби Англија во полуфиналето на Светското првенство од Аргентина, и доживеа уште едно разочарување на Мундијалите. И покрај водството, на крајот Англичаните не успеаја да се изборат за финале, кое го чекаат шест децении.
Целата фудбалска јавност го критикуваше селекторот Томас Тухел и неговата тактика во последните 30 минути, откако се одлучи да се брани.
Во негова одбрана застана Јирен Клоп, кој во иднина ќе ја предводи германската селекција.
„Луѓето секогаш зборуваат по натпреварот како тренерството да е едноставно. Како само да одлучуваш дали да напаѓаш или да се браниш и тоа е тоа. Не е така. Фудбалот е многу посложен. Гледам критики упатени кон Тухел за обидот да го зачува водството од 1-0, но дозволете ми да ви кажам нешто: ако не го направеше тоа, ако продолжи да напаѓа и прими гол, истите тие луѓе ќе велеа: „Зошто не ја смири играта? Зошто не го зачува водството? Во нокаут фазата, без разлика каква одлука ќе донесете, секогаш ќе има некој што ќе ве критикува. Не велам дека секоја одлука е совршена, но мора да ја разберете логиката зад неа. Никогаш не е лесно да се води игра во таа фаза од натпреварувањето.“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
