Легендарниот Матеус „распали“ по Тухел и Нагелсман: Тоа се многу „паметни“ тренери

Англија загуби со 2-1 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство и покрај тоа што водеше до самиот крај. Клучниот момент се случи во судиското продолжение кога Лаутаро Мартинез со глава го постигна победничкиот гол и го сврти резултатот. Селекторот на Англија, Томас Тухел, е директно одговорен за поразот на Англија, според легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус.

Матеус верува дека тактичките одлуки на Тухел ја уништиле играта на неговиот тим и им ја предале победата на Аргентинците. Поразот на Англија во полуфиналето на Светското првенство против Аргентина го потсети Лотар Матеус (65) на финалето на Лигата на шампионите во 1999 година помеѓу Баерн и Манчестер Јунајтед.

„Во таква ситуација, не го менуваш Рајс. Томас Тухел тактички ја уништи играта. Слично беше и во 1999 година. Јас не можев, но морав да го издржам тоа. Да ми речеше тренерот да останев, ќе останев. Тогаш како и сега, погрешниот сигнал го зајакна противникот“, изјави Матеус за германскиот весник „Билд“. 

Матеус го спореди пристапот на Тухел со оној на поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

„Ова се оние многу паметни тренери кои сакаат да направат нешто посебно по секоја цена. Како кога Нагелсман го стави Кимих на позицијата десен бек и се откажа од клучен играч во средината. Тухел го направи истото со Рајс. Не го правиш тоа освен ако играчот не е повреден“, беше критичен Матеус, верувајќи дека Тухел „се коцкал и изгубил“.

Се вчитува...