Алегри: Ако сакаш да ја освоиш ЛШ, мора да си подготвен и за најголемиот предизвик

Италијанскиот првак Јувентус го доби Атлетико Мадрид за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Јасно е дека „старата дама“ можеше да добие и полесен ривал, но тренерот Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим мора да биде подготвен и за најголемиот предизвик доколку сака да го освои трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

„Лигата на шампионите е натпреварување на најдобрите клубови. Доколку сакаме да го освоиме трофејот, тогаш треба да бидеме подготвени и за најголемиот предизвик. Ќе се подготвиме добро за дуелите со Атлетико Мадрид“, изјави Масимилијано Алегри.

Јувентус беше првопласиран во групата Х по првата фаза во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...