Алегри: Дибала мислеше дека е Меси

Пауло Дибала е веќе поранешен играч на Јувентус, откако е јасно дека летово ќе го напушти клубот и ќе има нова средина. Аргентинецот веќе се збогуваше и со навивачите и со соиграчите, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Интер.

Полека се одмотува „клопчето“ зошто Јувентус не му понудил нова соработка на одличниот фудбалер. Масимилијано Алегри прашан за него, даде интересен одговор.

„Дибала во еден момент помисли дека е Меси. Почна сериозно да го копира, за да го достигне неговото ниво. Не може некого да копирате. Морате да изградите свој идентитет. Паулог има многу да му даде на фудбалот, има многу квалитет, но мора да се сврти кон себе“, рече Алегри.

Во изминатата сезона Јувентус заврши на четвртото место, и после долго време не успеа да освои ниту еден трофеј.

Се вчитува...