Алегри дивееше на „Сан Сиро“, мораа да го смируваат помошниците (ВИДЕО)

Дербито на деветтото коло во Серија А помеѓу Милан и Јувентус заврши со победа на „старата дама“ од 1-0 во натпревар во кој од 40. минута гостите имаа предност од играч повеќе на теренот по црвениот картон на Малик Тиав.

Последните моменти од средбата ги одбележа Масимилијано Алегри кој лудуваше крај аут-линијата. Тренерот на Јувентус не беше задоволен од судењето и играта на своите фудбалери па мораа да го смируваат и помошниците, а на крајот доби и жолт картон.

Се вчитува...