Враќањето на Масимилијано Алегри не е така едноставно, ако се знае дека италијанскиот стратег има одредени барања од управата на торинскиот клуб.
Алегри има еден „огромен“ услов за да се врати на клупата на Јувентус, а тоа е клубот да ја прекине соработката со Кристијано Роналдо и да се заблагодари на уште неколку играчи кои имаат високи примања, а играат под очекувањата. Тоа се однесува на Рамзи и Рабио.
И претходно отворено се зборуваше за заминувањето на Роналдо од Јувентус, во чии редови не е се како што треба, а Андреа Пирло е пред извесен отказ.
Навивачите на клубот го посакуваат враќањето на Алегри, но евидентно е дека би се вратил само ако му се даде отворена можност да постави нов ред во соблекувалната на Јувентус.
Алегри на клупата на Јувентус беше од 2014 до 2019 година. Освои пет шампионски титули, четири Купа и два Суперкупа на Италија. Јувентус во тој период играше две финалиња во Лигата на шампионите, и двете ги загуби, но под негово водство клубот од Торино играше извонреден фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА