Масимилијано Алегри не го криеше задоволството по триумфот над Лече со кој Јувентус екпресно се врати на победнички патеки по поразот од Сасуоло викендов, прв за „старата дама“ оваа сезона.
Искусниот стратег покажува голема доверба во својот тим, но се осврна и на критичарите кои секојдневно даваат различни анализи околу потенцијалот на најтрофејниот италијански клуб.
„Малку е здодевно да се слушаат анализите на стручњаците, еден ден сме главни фаворити за скудетото, следниот сме лузери. Треба да постои баланс, да се верува во ставот за цела сезона, не може тоа да се менува по само еден добар или лош резултат. Јас не се кријам за ништо, факт е дека Милан, Интер и Наполи имаат подобри ресурси сезонава за да стигнат до титулата. Ние имаме многу играчи со богато искуство, но кај сите нив постои простор за напредок, затоа сите мораме да работиме напорно, да бидеме трпеливи и да учиме од сопствените грешки. Добро е што славевме против Лече и експресно се вративме во ритам, но има некои работи кои не ми се допаднаа и веднаш им ги посочив на фудбалерите“, изјави Алегри.
Следниот предизвик за „старата дама“ ќе биде дерби дуелот на гостински терен во Бергамо против тимот на Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА