Алегри: Еден гол не може да ни донесе сигурна победа

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не го криеше разочарувањето од поразот од Сасуоло со 1-2. „Бјанконерите“ беа поразени на својот стадион буквално во последните минути, па по овој пораз се уште по далеку од врвот на табелата.

Менаџерот на „Старата дама“ проблемот на својот тим го лоцираше во нападот, па истакна дека со еден гол на натпревар не може да се дојде до сигурна и убедлива победа.

„Во првото полувреме можевме да поведеме резултатски, но примивме гол непосредно пред паузата. Потоа успеавме да израмниме, но потоа исчезна дисциплината во нашата игра, што пак доведе до ситуација за противникот на крајот. Се обидовме да победиме преку индивидуални акции. Мораме да ја подобриме играта во завршната фаза, бидејќи еден гол по натпревар во просек и силен учинок во одбраната не е доволен. Ни треба рамнотежа! Овој пораз боли, но мора да учиме. Фудбалот е чудна работа, бидејќи вечерва создадовме многу шанси, но на крајот загубивме. Не ми се допаѓа што примивме гол на минута пред крајот. Треба да бидеме поорганизирани и резултатите ќе дојдат. Засега размислуваме само натпревар за натпревар. Сега имаме средба со Верона, која е ривал чии играчи трчаат многу и се физички одлични. Ни треба силен настап и ќе видиме што ќе се случи“, додаде Алегри.

Се вчитува...