Висла Плоцк му го украде на Охрид најдобриот дефанзивец

Освојувачот на ЕХФ купот ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на клубот.

Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.

„Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, велат од ГРК Охрид. 

Се вчитува...