Алегри го нападнал директорот на „Тутоспорт“: Г*мно едно пишувај вистина!

Јувентус го освои Купот на Италија, а Масимилијано Алегри конечно го скина проклетството на вториот мандат. Сепак, вечерта не заврши со пријатна нота.

Директорот на „Тутоспорт“ Гвидо Вакаџо откри дека по финалето Алегри почнал да го навредува и да му се заканува.

„Ќе ви ги скинам ушите, господине новинар. Г*мно едно пишувај ја вистината, а не тоа што ви го кажуваат клубовите“, наводно рекол Алегри.

Очигледно трофејниот тренер си дал здив по напорната сезона, во која повторно остана без Скудетото. Но, конечно успеа да освои трофеј во вториот мандат.

Се вчитува...