Алегри го напушта Јувентус на крајот на сезоната

Јувентус ќе се раздели со Масимилијано Алегри на крајот од сезоната, пренесува италијански „Скај спорт“. Позната е и неговата замена, а тоа е Тиаго Мота кој сезонава направи вистинска сензација со Болоња.

Ова е втор мандат на Алегри на клупата на тимот од Торино. По двегодишна пауза тој се врати на клупата на „старата дама“ во 2021 година, а неговото враќање не беше најдобар потег. Јувентус не успева да постигне добри резултати од сезона во сезона, тимот не игра најдобро, поради што повеќето навивачи бараат промени.

Според информациите на „чизмата“, спортскиот директор на тимот од Торино, Кристијано Џунтоли, започнал преговори со Тиаго Мота. Болоња сезонава блеска под неговата палка, блиску е до Лигата на шампионите, се наоѓа на четвртата позиција со два бода помалку од Јувентус.

Се вчитува...