Алегри имал „жесток“ разговор во соблекувалната на Јуве по поразот од Верона

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри имал разговор на повисок тон во соблекувалната по поразот од Верона. „Фудбал Италија“ открива дека Алегри се нафрлил на неколку играчи, меѓу кои Адриен Рабио, Дејан Кулушевски, Родриго Бентанкур, Алваро Мората, Мојз Кин и Артур.

Италијанецот не бил задоволен од нивните изданија на тој натпревар. Исто така Алегри бил фрустриран од тоа како неговата екипа игра во офанзива, односно не постигнува повеќе голови.

Алегри се наоѓа под голем притисок откако екипата има 15 бода во првите 11 кола од италијанската Серија „А“.

Се вчитува...