Алегри: Избегав брзо во соблекувална, само за да не го гледам ‘бламирањето’ на Мурињо

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека е разочаран од синоќешниот пораз во Лигата на шампионите од Манчестер јунајтед од 1-2 нагласувајќи дека неговиот тим требало да ја „затвори“ средбата тогаш кога комплетно доминирал.

Јуве поведе со голот на Роналдо во 65.минута, а потоа во самиот финиш со два гола Манчестер јунајтед дојде до победата.

„Ова е разочарувачки пораз затоа што игравме добро. Мора да бидеме подобри во завршницата и да не се опуштаме. Единствен начин на кој Јунајтед можеше да даде гол е од прекините и тука ја бараа својата шанса. Сепак се уште сме први во групата“ – истакна Алегри, кој кратко се осврна и на реакцијата на Жозе Мурињо кој имаше свое шоу по крајот на мечот провоцирајќи ги навивачите на Јувентус…

„Не гледав што прави. Избегав во соблекувалната брзо, токму за да не ги гледам тие сцени кои се под секое спортско ниво“ – рече Алегри.

Се вчитува...