Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е избран за најдобар тренер во Италија за минатата сезона. Тој ја доби наградата „Златна клупа“, со доминантен број гласови (17) во однос на Маурицио Сари (8) и Симоне Инзаги (2). На Алегри ова му е четврто вакво признание, со што стана и најнаградуваниот тренер во Италија, надминувајќи ги Фабио Капело и Антонио Конте, кои биле лауреати во три наврати.
„Благодарност за оваа награда, во која голем удел имаат фудбалерите и моите соработници од Јувентус. После шампионските титули во Серија А, наша следна дел е да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Двапати стигнавме до финалето, се надевам дека третиот пат и ќе го подигнеме пехарот“, изјави Масимилијано Алегри.
За најдобар тренер во Серија Б за изминатата сезона е избран Аурелио Андреацоли, кој успеа да го внесе Емполи во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА