Алегри ја одби Холандија, сака да работи во клуб

Роналд Куман со заминувањето во Барселона го остави празно селекторското столче во репрезентацијата на Холандија. Како прв кандидат за негов наследник се споменуваше поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри кој веднаш ја одбил понудата од Фудбалската федерација на Холандија бидејќи сакал да продолжи со работа во клупскиот фудбал.

Како кандидат за наследник на Роналд Куман се споменува и Хенк тен Кате, а во моментов функцијата ја извршува помошникот на Куман, Двајт Лодевегес. Алегри во моментов е без ангажман откако на крајот на минатата година по пет освоени скудета во Серија А во низа го напушти кормилото на Јувентус.

Се вчитува...