Алегри: Јувентус не е фаворит за трофејот во ЛШ

Италијанскиот првак Јувентус не е главен фаворит за освојување на пехарот во Лигата на шампионите. И покрај ангажманот на Кристијано Роналдо, тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим не е меѓу оние со најизгледни шанси за освојување на најпрестижниот трофеј.

„Јувентус најголем фаворит во ЛШ? Не би рекол дека е така. Има одлични тимови во нокаут фазата. Јувентус дефинитивно не е меѓу екипите кои имаат најизгледни шанси. Но, секако ќе се бориме за да стигнеме до трофејот“, порача тренерот на италијанскиот шампион.

Јувентус во осминафиналето на ЛШ ќе се сретне со шпанскиот клуб Атлетико Мадрид. Првиот меч е закажан за 20.февруари на „Ванда Метрополитано“, а реваншот ќе се одигра на 12. март во Торино.

Се вчитува...