Алегри: Јувентус нема друга опција, одиме на победа против Малме

Тренерот на Јувентус Торино, Масимилијано Алегри даде свој коментар за претстојниот натпревар од првото коло во групната фаза на Лигата на шампионите со шведскиот Малме. Тренерот на „старата дама“ истакна дека Јуве нема друга опција, па единствено тој и неговите фудбалери размислуваат на победа.

Алегри напомена дека за момент сите треба да заборават на слабите резултати во Серија А, па во овој момент Јуве мора максимално да се посвети на Лигата на шампиони.

„Секако, на натпреварот со Малме мора да победиме, ова е неопходно за да се постави вистинската основа за иднината и да се сретнеме со посериозни противници во најдобра можна форма. Во фудбалот, невозможно е да се предвиди што ќе се случи на одреден натпревар, мора да се обидеме да се осигураме дека натпреварот ќе оди според нашето сценарио. Навистина, во моментов во италијанското првенство работите не се одвиваат баш најдобро за нас и покрај фактот што тимот прикажува пристојна игра. Вечерва треба да се фокусираме на Лигата на шампионите на натпреварот против Малме, и покрај резултатите, ние мора да продолжиме да работиме, бидејќи фудбалот честопати и се спротивставува на логиката. Што се однесува до Шченски, тој е голман од највисоко ниво и дефинитивно ќе го заземе место на голот“, изјави Алегри пред вечерашниот натпревар.

Се вчитува...