Алегри: Јувентус секогаш оди на победа, но ќе биде тешко против Виљареал

Јувентус вчерва ќе гостува на „Естадио де ла Серамика“ кај Виљареал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Во пресрет на пресметката, Масимилијано Алегри повика на претпазливост и балансирана игра во Шпанија.

Тренерот на Јуве истакна дека неговиот тим секогаш оди на победа, но потенцираше и дека неговите фудбалери ќе имаат тешка задача против Виљареал.

„Секогаш одиме на победа, така ќе биде во Копа Италија и Лигата на шампионите. Дали пристапот ќе се промени откако се отстрани правилото за гол на гости? Сè уште не знам, но мора да размислуваме на резултатот. Ништо не е решено со Виљареал, тие се во одлична форма во моментов, исто како и ние. Имаат добар тренер и технички тим. Ова ќе биде многу тактички натпревар, каде што ќе мора да бидеме трпеливи и да се задржуваме, едноставно да балансираме“, изјави Алегри.

Пресметката во Шпанија е закажана за вечерва со почеток во 21.00 часот, реваншот во Торино ќе се одигра на 16 март.

Се вчитува...