Алегри ќе биде нов тренер на Наполи – Преговорите се во завршна фаза!

Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.

Преговорите со новиот менаџер се во напредна фаза, а се очекува да потпише двегодишен договор, со опција за продолжување потоа на уште една година.

Алегри пред само два дена ја заврши соработката со Милан откако „росонерите“ завршија на петтото место во Серија А.

Па, сега Алегри се подготвува да ја преземе функцијата од Конте во Наполи, нешто слично како пред дванаесет години, во 2014 година, но во Јувентус.

Се вчитува...