Алегри: Мојата цел е на Јувентус да му обезбедам ЛШ, а потоа клубот ќе одлучи што понатаму

Масимилијано Алегри многу веројатно дека ќе ја напушти клупата на Јувентус на крајот на сезоната. Италијанецот не ги оправда очекувањата после враќањето, не дојде до титулата во Серија „А“ и од тука веројатно ќе биде „поранешен“.

Искусниот стручњак ќе биде заменет со некој помлад, а се шпекулира со името на актуелниот тренер на Болоња, Тиаго Мота кој прави чуда со својот тим и е блиску до ЛШ.

Алегри ги коментираше најавите дека ќе ја заврши својата мисија во Јувентус.

„Не сакам да коментирам шпекулации и нема да го направам тоа. Мојата цел е на Јувентус да му обезбедам учество во Лигата на шампионите идната сезона, а потоа клубот ќе одлучи за следните чекори“, изјави Алегри.

Се вчитува...