Алегри: Монако заслужува максимален респект

Јувентус утревечер ќе му гостува на Монако во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Искуството на италијанскиот првак треба да биде адутот на „старата дама“ во двомечот со младиот и талентиран тим на Монако.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, има максимален респект кон францускиот ривал.

„Монако е одличен тим, впрочем се наоѓа меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Заслужуваат максимален респект, и фудбалерите и стручниот штаб. Не е тоа истиот тим со кој игравме пред две години. Сега се многу поконкретни, имаат неверојатно брзи фудбалери во нападот и јасно е дека треба да бидеме максимално фокусирани. Сепак, верувам дека Јувентус ќе биде патникот во финалето во Кардиф“, изјави Алегри.

Се вчитува...