Алегри нема да ризикува, Игуаин ќе ја пропушти Аталанта

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин нема да биде во составот на Јувентус на неделниот натпревар од Серија А против Аталанта. Тренерот Масимилијано Алегри не сака да ризикува со неговото здравје, по повредата што напаѓачот ја заработи неодамна. Тој се уште тренира со намален капацитет и нема да биде во комбинација за претстојното коло во италијанскиот шампионат.

„Не сакам да ризикувам со Игуаин. Неговата состојба се подобрува, но тој се уште е под лекарски надзоер. Нема да биде во тимот против Аталанта, исто како и Бернардески, Квадрадо и Де Шилјо. Но, имаме доволно опции за да составиме квалитетен тим“, изјави Масимилијано Алегри.

Се вчитува...