Алегри: Нема да се вратам сезонава, но учам англиски јазик

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри се уште е без ангажман, откако на крајот на минатата сезона се раздели со Јувентус. Се зборуваше дека е прв фаворит за преземање на Арсенал, но од договорот меѓу двете страни ништо не испадна.

Сепак, поранешниот тренер на Милан и Јувентус вели дека вредно учи англиски како би можел еден ден без проблем да преземе некој премиер-лигаш. Тој потврди дека сезонава нема да му се врати на фудбалот бидејќи сака да направи пауза до следното лето.

„По пет години поминати во Јувентус не сакам така брзо да се вратам во игра. Кога завршив со Јувентус моја одлука беше да направам пауза од една година. Среќен сум. Имам шанса да разговарам со луѓе и да правам работи кои ме интересираат. Одам во театар, на изложби, читам книги“, изјави Алегри. 

 

Се вчитува...