Алегри: Нема ’скудето’? Подобро е вака…

Јувентус ја ’одложи’ промоцијата на шампионската титула во Серија А, откако одигра 1-1 на домашен терен во градското дерби со Торино. „Старата дама“ всушност се спаси од пораз во последните моменти од мечот, со голот на Гонзало Игуаин. Сепак, тренерот Масимилијано Алегри воопшто не е загрижен.

„Нема ’скудето’? Не, не, подобро е вала. Во вторник играме многу важен меч против Монако во Лигата на шампионите. Треба да сме максимално фокусирани и да одиграме на врвно ниво за пласман во големото финале. Не беше така планирано, но добро излезе. Нема прослави и опуштање пред Монако“, изјави Алегри, малку и шеговито.

Потоа се фокусираше и на самиот натпревар.

„Немавме вистинско темпо, можеби и заморот го прави своето. Но, успеавме да се вратиме, иако имам замерки за начинот на кој игравме ’11 на 10’. Требаше подобро да го искористиме просторот откако Торино остана со играч помалку. Но, овој меч заврши, а сега ќе размислуваме за Монако“, потенцираше тренерот на Јувентус.

Се вчитува...