Алегри: Ова е неверојатно, момците беа одлични

Јувентус синоќа стигна до првиот свој трофеј оваа сезона, славејќи во Купот на Италија по победата во финалето од 2-0 против Лацио.

Тренерот на „Старата дама“, Алегри не можеше по мечот да ја сокрие радоста од освоениот Куп.

„Првото полувреме беше неверојатно. Морам да им честитам на момците на одличниот натпревар, врвното прво полувреме и досега феноменалната сезона. Јувентус со ова се извади за неделниот пораз од Рома. Сега не чека многу важен меч против Кротоне за конечно да ја освоиме титулата“ – истакна Алегри.

Дани Алвеш беше еден од клучните играчи на тимот, го постигна и својот трет погодок во последните пет натпревари, но Алегри не сака да фали поединци.

„Мислам дека би било нечесно да се зборува само за еден играч по една таква вечерва. Ако сме го освоиле Купот тогаш тоа е благодарение на сите играчи кои не донесоа до тука“ – заклучи Алегри.

Се вчитува...