Алегри потврди: Имаше забава со 60 манекенки по Мадрид, но тоа е добра работа

Фудбалерите на Јувентус навистина биле дел од луда забава во Торино во која за гостинки поканиле 60 преубави манекенки, за подобрување на атмосферата по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Таблоидите на Апенинскиот полуостров пишуваа на оваа тема, за денеска и Масимилијано Алегри да потврди дека таква забава навистина имало и дека според него тоа е добра работа за Јуве.

„Јас сум тренер, не сум полицаец. Она за што ме прашувате навистина се случи, моите фудбалери го сторија тоа. Искрено, мислам дека е добра работа бидејќи тимскиот дух се крена по таа забава“ – изјави Алегри.

Од играчкиот кадар на „старата дама“ на забавата не биле присутни единствено Барѕалји и Бернардески, а во главна улога бил Кристијан Роналдо.

По таа ноќ Јувентус славеше над Наполи (1-2) и Удинезе (4-1), но најважно сепак е дали италијанскиот првак ќе успее да ја надополни негативата од два гола на реваншот против Атлетико Мадрид, што на програмата е во вторник.

Се вчитува...