Алегри потврди: Крај на сезоната за Кјелини

Џорџо Кјелини нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона по повредата заработена на самиот почеток од дербито против Наполи. Ова денеска го потврди и стратегот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот дерби дуел против Интер.

Сите се подготвени со исклучок на Стураро и Де Шилјо, како и Кјелини, за кого оваа сезона е завршена. Бернардески работи добро, би можел да добие шанса“ – изјави Алегри.

Предноста од шест бода експресно се истопи на само еден бод разлика во однос на Наполи, па Јуве се соочува со сериозна опасност доколку не слави во Милано викендов да ја загуби и лидерската позиција.

„Подготвени сме за притисокот што го носи овој натпревар. Против Наполи направивме само девет фаули, тоа дефинитивно не е доволно ниту пак ќе биде против цврст ривал како Интер. Тешка битка е пред нас, но убеден сум дека можеме да одговориме на предизвикот. Имаме четири меча за да го задржиме првото место и да го покажеме карактерот што го поседуваме“ – порача стратегот на Јувентус.

 

Се вчитува...