Алегри: Повеќе би сакал да играме лошо, а да победуваме

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри, го коментираше вчерашното „реми“ на својот тим против Вилјареал во Лигата на шампионите. Тој рече дека освен примениот гол, во другте сегемнти е задоволен од играта на својот тим, но не и од резултатот.

„Направивме само една грешка и примивме гол. Парехо беше сам во нашиот шеснаесетник. Немаа шпиц, не можеа да играат со долги топки, а знаевме дека треба да бидеме внимателни со уфрлувањата од втор план. Рабио не тргна по него, и тука мораше да реагираме подобро. Генерално би рекол дека тимот играше добро. И после примениот гол имавме шанси да дадеме гол, но нивниот голман беше на ниво“, рече Алегри.

Тој додаде дека укинатото правило гол во гости, ја отежнува задачата.

„Правилото на гости е укинато, и практично тоа значи дека ќе мора да победиме на реваншот, нема друга опција“, изјави Алегри.

На прашањето дали може да овозможи Јувентус да игра поатрактивен фудбал, неговиот одговор беше:

„Тоа што игравме добро вчера, ни овозможи да ја загубиме решителноста и тој финален удар. Ако мене ме прашувате, подобро да играме лошо, а да победуваме, отколку да играме добро а да не победуваме“, изјави тренерот на Јувентус.

Се вчитува...