Алегри: Роналдо ќе го одведе Јувентус во друга орбита

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е воодушевен од пристигнувањето на Кристијано Роналдо во неговиот тим. Португалската мегаѕвезда за 105 милиони евра од Реал Мадрид доаѓа во Торино и ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот првак. Алегри вели дека со Роналдо во тимот, нема лимити за неговиот Јувентус.

„Ова е фантастичен трансфер за Јувентус и за италијанскиот фудбал во целина. Ни претстои многу важна година, сакаме доминацијата во Италија да ја надградиме и со титула во Лигата на шампионите. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, тимот ќе се вивне во сосема друга орбита. Верувам дека ќе се вклопи одлично во нашите редови. Не се сомневам во тоа, затоа што шампионите лесно се адаптираат во шампионски средини“, изјави Алегри.

Јувентус во полследните пет години двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите, но и доживеа два порази. Првиот пат од Барселона, а вториот од Реал Мадрид.

 

Се вчитува...