Алегри со пораз се збогува од Јуве

Шампионот Јувентус со пораз (0-2) од Сампдорија на гости го заокружи шампионатот во Серија А. Тренерот Масимилијано Алегри ќе си замине, а разделбата ќе ја памети по пораз во Џенова.

Без Кристијано Роналдо, тимот на „старата дама“ не успеа да постигне погодок, а поразот дојде во самиот финиш од мечот. Грегори Дефрел во 84.минута го постигна првиот пододок, а Џанлука Капрари во судиското продолжение го потврди триумфот.

Јувентус ја освојува шампионската титула со 90 освоени бода, а Сампдорија ќе заврши на деветтото место со 53 бода.

Се вчитува...