Алек Јончевски: Верувам во тимот на Гостивар, нема да носиме нови засилувања

Гостивар подолго време се наоѓа во сериозна резултатска криза, што резултираше со тренерска смена во таборот на „сино-белите“. Марјан Србиновски од денеска повеќе не е кормилар на гостиварци, а на негово место именуван е поранешниот тренер на МЗТ Скопје и на Кожув, Алек Јончевски.

Младиот стручњак пред десетина дена се раздели со клубот од Гевгелија, за веднаш да прифати нов предизвик. Договорот за соработка е до крајот на оваа сезона, со можност за продолжување на истиот за уште најмалку една година.

„Постигнавме договор, ќе го водам Гостивар најмалку до крајот на сезонава. Добро познато е дека тимот се наоѓа во незавидна ситуација по слабите резултати во последно време, така што првичната цел ни е да обезбедиме место меѓу најдобрите осум екипи. Пред нас е и тежок распоред, но верувам во овој тим, дека ќе успееме да играме добра кошарка и да влеземе во победнички ритам. Нема да имаме нови кошаркари во екипата, сезоната ќе ја завршиме со постоечкиот ростер“, изјави Јончевски за ЕКИПА.

Се вчитува...