Алекс Душебаев не сакаше да ги коментира свирежите, Циндриќ се заблагодари за аплаузите

Вардар стигна до триумф против Кјелце од 28-27 со кој ќе презими на второто место во групата од Лигата на шампионите.

Вниманието од пресметката со Полјаците го привлече и односот на преполниот „Јане Сандански“ кон поранешните „вардарци“ Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Душебаев пречекан со свирежи поради дуелот со Шишкарев од претходнит меч во Полска, а Циндриќ дочека со овации од навивачите.

Душебаев по мечот не сакаше да коментира за свирежите од трибините кои некогаш го славеа до бескрај, а Циндриќ се заблагодари на поддршката од вардаровите навивачи.

„Секогаш носам убави спомени од Скопје. Секако дека ми значат аплаузите во оваа сала, сега и кога сум со противнички тим. Затоа искрено им благодарам на вардаровите навивачи“ – истакна Циндриќ по натпреварот.

Се вчитува...