Сер Алекс Фергусон од денеска и официјално е почесен член на Ајнтрахт Франкфурт откако прославениот тренер ја прифати ваквата покана од прославениот германски клуб.
Иницијативата била покрената по мечот меѓу Ајнтрахт и Абердин од Конференциската лига на УЕФА (клубот каде Ферги ја почна својата тренерска кариера), а контактите продолжиле откако делегација на германскиот клуб допатувала на „островот“ и му укажала чест на Сер Алекс што прославениот тренер ја прифатил.
Фергусон е поврзан со Ајнтрахт бидејќи своето деби како играч во дресот на Глазгов Ренџерс го имаше токму против терманскиот клуб во 1967 година.
„Победивме со 5-3, а јас постигнав хет-трик против Ханс Тилковски на голот на Ајнтрахт“, се присети Сер Алекс.
Во 1980 година тој како тренер на Абердин беше елиминиран од Купот на УЕФА токму од овој клуб, чиј почесен член стана денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА