Алекс Грималдо пред трансфер во Јувентус

Дефанзивецот на португалскиот тим Бенфика, Алекс Грималдо, е трансферна цел на италијанскиот првак Јувентус. Тој е желба на тренерот Масимилијано Алегри за пополнување на левата бековска позиција, по најавите дека од Торино ќе си замине Алекс Сандро.

23-годишниот лев бек ја мина младинската школа на Барселона, а од 2016 година го носи дресот на Бенфика. Грималдо беше на листата на желби на Карло Анчелоти за трансфер на Наполи, но најверојатно ќе заврши во Торино. Причина за тоа е и агентот Жорге Мендеш.

 

 

 

Се вчитува...