Алекс Трајковски голгетерски расположен пред собирот на А-тимот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна гол за Мајорка на пријателскиот натпревар против Тенерифе и најави дека е во добра форма пред собирот на А-репрезентацијата во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Македонскиот национален тим на 5.септември ја стартува одисејата во групата Ц од ова натпреварување со дуел на домашен терен против Ерменија. Трајковски е еден од адутите во навалната линија на селекторот Игор Ангеловски заедно со Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски и Крсте Велкоски.

Илија Несторовски исто така беше стрелец за Удинезе на пријателскиот меч со Виченца (3-2).

Се вчитува...