Селекторот на репрезентацијата на Србија, Александар Ѓорѓевиќ не е повеќе тренер на минхенски Баерн. Веста доаѓа како големо изненадување и покрај елиминацијата на Баварците од Дарушафака во полуфиналето од Еврокупот.
Баерн под водство на Ѓорѓевиќ има суеприорна сезона во Бундес-лигата во која го држи првото место на табелата со 23 победи и со само два порази.
Ѓорѓевиќ дојде на клупата на Баерн во август 2016 година со двегодишен тренерски договор кој го одработуваше паралелно со селекторската функција во репрезентацијата на Србија.
Како најсериозен кандидат за наследник на Ѓорѓевиќ на клупата на Баерн се споменува поранешниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Радоњчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА